МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО БОРИСОВ И ЖОСЕФ ДОЛ:Членство во ЕУ за подобрување на стандардот, потребни се клучни реформи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Софија оствари средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов и Претседателот на Европската народна партија, Жосеф Дол.

На средбата се разговараше за европската агенда на регионот и зајакнување на соработката во рамките на Европската народна партија чиј составен дел е и ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, нагласи дека стратешки приоритет претставува членството во ЕУ како суштинска ориентација преку која треба да се овозможи унапредување на стандардите и овозможување на шанси за напредок.

Мицкоски посочи дека Република Македонија, за жал, има реформски процес кој се одвива под посакуваното ниво и планот на владата 3-6-9 останува неисполнето слово на хартија.

-Потребни се клучни подобрувања пред се реформа на судскиот систем, поддршка на економијата и стопанството и нејзин суштински развој, каде за жал, досега имаме еден од најслабите економски резултати како држава, како и мерки за овозможување на квалитетно образование како клучен столб за развој на едно општество, додаде Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во разговорот со бугарскиот премиер, Борисов посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е за развивање на добрососедски односи, кои се темелат на принципи, чесност и искреност.

58 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This