МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ОД ТЕТОВЧАНКА: Животот во Македонија не се разубавените бројки кои ги кажува власта, туку маката на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска беше на средба со жителите на населбата Тетовчанка, каде што граѓаните тешко живеат и едвај сврзуваат крај со крај. Според Мицкоски, животот во Македонија не се разубавените бројки кои ги кажува власта, туку маката на граѓаните во Тетовчанка и другите населени места во земјава.

Остварив средба со жителите на населбата Тетовчанка. Велат Заевизмот е тешкиот живот кој го имаме, одземеното достоинство на државата и уништениот стандард, нашата населба е заборавена од власта. Пензиите не се зголемуваат, но даноците се зголемуваат, 500 илјади луѓе во државата живеат во сиромаштија, а дури и пристојноста на нормалниот живот се загуби. Животот во Македонија не се разубавените бројки кои ги кажува власта, туку маката на граѓаните во Тетовчанка и другите населени места во земјава. Премиерот да излезе од розевиот микро свет и треба да се соочи со народот кој го живее тешкото секојдневие. Надежта дека било што ќе подобри оваа влада повеќе ја нема и знаеме дека нема да биде подобро. Ги нема ниту инвестициите кои ги ветија, ниту животот во кој се колнеа. Затоа мора да се порази Заевизмот, за да Македонија опстои, затоа што со секој поминат ден со оваа Власт Македонија ја има се помалку, објави Мицкоски на фејсбук.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This