МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР: Се разговарало за политичкиот поргон и атакот врз опозициската мисла

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Република Македонија, економската состојба во државата како и реформските процеси кои се клучни за остварување на стратешките приоритети на Македонија, информираат од партијата и додаваат:

„Претседателот Мицкоски го истакна политичкиот прогон кој се врши врз десетици членови на опозицијата и директниот атак врз опозициската мисла и посочи дека таквото однесување на власта ја оддалечува државата од остарување на стратешките приоритети, членството во ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ смета дека економската состојба во државата е значително влошена, а власта недоволно се посветува на реалните области за живот кој се од суштествено значење за граѓанинот, напоменувајќи ги големиот број на афери и сомнежи за злоупотреби на власта на штета на граѓаните“.

На средбата се говорело и за понатамошно продлабочување на пријателството и соработката помеѓу Република Италија и Република Македонија како и значењето на поддршката која Македонија ја добива од Италија на патот кон членството на државата во ЕУ и НАТО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This