Мицкоски на средба со потпретседателката на владејачката белгиска партија ВЛД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Брисел имаше средба со потпретседателката на владејачката белгиска партија ВЛД и доскорешна долгогодишна министерка за економија, трговија и иновации на Белгија, Патриша Кејсенс.

Особено внимание во разговорот беше посветено на размена на искуства за локален економски развој, во пресрет на локалните избори.

„Секоја соработка е значајна, особено што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди најсодржајна и иновативна програма која ќе го содржи сеопштиот развој на населените места, со фокус на претприемништвото, поддршка на иновациите, инфраструктурна преродба како и поддршка на компаниите, домашни и странски, кои ќе отворат нови работни места. Ќе се бориме за секое работно место. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја има поддршката од белгиските пријатели“, напиша претседателот Мицкоски по средбата

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This