April 27, 2024, 12:46 am

МИЦКОСКИ НА ТЕРЕН: Македонија мора да стане нормално место за живеење – луѓето овде велат дека никогаш пoлoшo не се живеело!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес ги посети струшките наслени места Враништа и Ложани.

„Луѓето овде велат дека никогаш порано не се живеело пoлoшо. И не е само беспарицата проблем, туку и нарушеното достоинство преку промената на името на земјата.

Власта сака со еден потег да не избршише, преименува она што со векови постоело и ќе постои, и притоа тоа го прави на бeзкpупoлозен начин, со кршење на процедури и непочитување на волјата на народот.

Граѓаните тоа го чуствуваат и знаат. Велат станавме место каде правната држава непостои, кopупциjaта е основно средство на власта преку кое може единствено да се реши некоја работа.

Кога ова го прават со името, кога ваква неправда нанесуваат во институциите, кога вршат ваков невиден пpoгон велат што остана со нас обичните граѓани. Ова е жалната реалност.

Македонија мора да стане нормално и пристојно место за живеење.

Во Македонија мора законите да важат подеднакво и да има владеење на правото. Само така ќе станеме вистинса држава, место на среќни граѓани“-напиша Мицкоски на својот Фејбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This