МИЦКОСКИ НА ФЕЈСБУК ЗА МАСОВНАТА ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА: Да си ја вратиме татковината, Македонија на граѓаните кои сакаат достоинство, мирен живот и правна држава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако беше објавено дека професорката Гордана Силјановска Давкова за неколку часа ги собра потребните потписи за кандидатура за претседател на државата на својот Фејсбук профил се обрати и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој порача дека ова е силен показател дека граѓаните застануваат зад личност и политика на принципи, вредности и разум.

Мицкоски потенцира дека ова е време на несигурност, на загубени и загрозени животи но народот ги прочита, и ја препозна новата шанса, новата надеж.

„Да си ја вратиме татковината, Македонија на граѓаните кои сакаат достоинство, мирен живот и правна држава.“

Посочува дека е потребен претседател кој ќе се бopи пpoтив неправдите, и ќе опстојува за правда за Македонија и сите нејзини граѓани.

Паѓа дecпoтизмoт на Заев и доаѓа заедничката победа на народот. Обединити и силни ќе светне денот за сите граѓани на независна и суверена Република Македонија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

За само неколку часа се собрани над 10 илјади потписи на граѓани кои застанаа зад кандидатурата за претседател на…

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, February 23, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This