МИЦКОСКИ: Немаме време за губење, потребни се брзи реформи, време е за мудри и логични одлуки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај големата разочарност, сакам да испратам порака дека нема време за губење и Македонија го нема повеќе луксузот да загуби ниту еден ден, ниту еден час повеќе, изјави на денешната пресконференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Нема време ниту за оние помалку чудни анализи за душата, срцето и петата, и други вакви комични испади, ниту пак за некои други дежурни адвокати на Заев кои се мешаат во туѓите дворови. Ова е наша земја, а тука граѓаните се главни.
Оваа власт ќе биде заменета и ќе потоне во заборав и тоа е секому му е јасно. Народот бара и посакува предвремени парламентарни избори, исто како и јас, тоа е единствено логично и посакувано решение за да се надмине кризата и оваа повеќе неодржлива ситуација. Колку и да се противи власта избори ќе дојдат, а со тоа доаѓа и политичкиот крај на Зоран Заев.

Во тој меѓу период потребни се реформи. Коренети и брзи реформи, кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи план во најкус можен период консултирајќи ги експертите и употребувајќи ги сите свои капацитети кои што ги има на располагање.
Овие реформи треба да ги спроведе влада, составена од силни индивидуи, со богато лично, стручно портфолио кој ќе го дадат својот максимум служејќи и на државата.

Време е за мудри, логични и одлучни одлуки. Повикувам на средба на државниот врв на која ќе се диксутира за сето ова, а пред се за иднината на Македонија. А, Македонија е пред крупни одлуки кои ќе донесат промени и има иднина за која сите заедно ќе се избориме бидејќи доаѓа обновата. Изборите се важни, но не по секоја цена да се дојде на власт, туку се потребни за да покажеме на светот но и кај разочараните кои ги разбирам совршено дека можеме подобро, можеме поинаку и дека има надеж, Македонија ќе успее.

Го повикувам македонскиот народ и граѓаните на Македонија да ја кренат главата гордо високо, бидејќи секогаш во тешки времиња сме биле пркосни и мудри. Верувајте во себе, верувајте во Македонија. И верувајте во промените кои што ќе дојдат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This