МИЦКОСКИ: Немам концесија кон никого, Заев има огромен багаж зад себе и концесии кон многумина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Слободен печат, изјави дека тој како политичар нема концесија кон никого, но Зоран Заев во високата политика е влезен со голем багаж, обвиненија против него и концесии кон многумина

– Јас во врвната политика како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, доаѓам од академските кругови, како што рековте сум ги поминал сите нивоа во рамките на партија од своја 16 годишна возраст и немам никаква концесија и затоа мислам дека имам кредибилитет. Додека пак мојот политички конкурент влезе во врвната политика со голем багаж позади себе, случај за поткуп, случај за пуч и други помали или поголеми случаи кои што ги имаше и не може тој да има ист кредбилитет како јас во рамките на понудата што ќе ја дадеме пред граѓаните, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека заради разочараувањата кои ги донесе власта на Заев и неисполнетите ветувања ќе биде пеколно тешко да се убедат граѓаните, но откако ќе ја презентира својата понуда убеден е дека планот на ВМРО-ДПМНЕ, планот на коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This