МИЦКОСКИ: Нема да дозволиме да смe народ без корен и држава без историја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вторникот бев во Берово, Пехчево и Крива Паланка, се среќавав со луѓето, разговаравме, се борат со егзистенцијата. Ќе ви кажам за еден стар дедо, кој ми раскажуваше за едно Паланечко село кое ниту една војска низ историјата не го покорила и никогаш не било поробено. И јас го прашувам до храбрите луѓе ли било, до нивниот голем број? Дедото на ова ми одговори не синко, тие ни пушка не испукаа, а далеку помалубројни беа од војските кои ги одминуваа, туку со две работи победуваа, со мудрост и со слога. Биле мудри и обединети. Тоа е она што нас ни треба, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето обраќање од Кичево.

-Нас денес соочувајќи се со еден срамен договор ни е потребна мудрост и обединетост. Леви, и десни, оние во центарот, определените и неопределените треба да знаат дека нашата земја Република Македонија е во прашање, и треба да се размислува рационално. Има многу луѓе што и од СДСМ не се согласуваат со ова што се случува со државата и ќе кажам дека и тие се добредојдени. Иако референдумското прашање е тросмислено, неговата суштина е договорот со Грција. Ако ме прашаат дали сте за ЕУ и НАТО, веднаш одговорам да, но сме жестоко против капитулантскиот договорот со Грција со кој се подрива нашиот идентитет и е надвор од нашите принципи. Овој договор е против нашиот идентитет и против нашите принципи, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека јавноста не не слушнала ниту еден аргумент против дека со договорот се уништува инситутуционалниот идентитет и дека со членот 8 од договорот кој предвидува формирање на комисија помеѓу двете држави Македонија и Грција ќе се ревидира историјата, археологијата и образованието, што практично значи дури и се да се исполни од договорот Грција ќе ја има можноста да ја блокира нашата интеграција во Европската Унија. Треба да се сложиме на тоа дека сме народ без корен, држава без историја.

-Еве јавно ги повикувам да го демантираат аргументот дека со договорот го губиме инсититуционалниот идентитет што е компонента на националниот идентитет и дека со членот 8 од договорот престои ревидирање на историјата, археологијата и културата што е врата Грција да не блокира на патот кон ЕУ во секој момент?, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This