March 28, 2024, 10:51 am

Мицкоски: Нема друг пример сопствената влада да ѝ прави штета на државата како таа на Заев, ја пpитискаат комисијата со Бугарија спротивно на сите факти, тие се подготвени да прифатат се

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот предизборен собир во Злетово, општина Пробиштип истакна не постои друг пример во светот каде владата работи спротивно на интересите на сопствената држава, како што тоа го прави владата на СДС и Зоран Заев со Бугарија и притисоците врз комисијата, барајќи да се прифати се, спротивно на сите факти и да се пазари со тоа што и е свето на Македонија.

– Погледнете го само оној срам што го прават со Бугарија. Владата си ја притиска сопствената комисија и историчари да прифатат нешто што е во спротивност со фактите и уверувањата на историчарите. Значи Заев е подготвен да прави компромис спротивно на утврдените факти од луѓе од науката. Па има ли луѓе друг ваков пример кога сопствената држава и влада си прави штета сама на себе, вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека тоа е последица на фактот што Заев веќе е докажано дека е подготвен одново да прифати се што ќе побараат од него Бугарите, и ќе слушнеме од Заев дека тие биле ослободители, администратори и што уште не.

– А она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го кажуваме е дека почитта кон нашите соседи ќе ја имаат доколку тие имаат почит кон нас или правилото на реципроцитет. Како тие нам, така ние ним, тоа е нашата политика, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека СДСМ ќе загубат, но треба барем да се повлечат достоинствено, а не во паника да се служат со црна пропаганда.

– Повеќе не зборат за проекти, зборат само и само за минато и за ВМРО. А зинат ќе излажат, веројатно советот на луѓето до Заев бил шефе прави го она што го правиш најдобро, лажи постојано. Како во народната песна Лажи Лажи Вере, ова Лажи лажи Заев ветува дека во наредни 5 години ќе донел 12 милијарди инвестиции. Дури и милијардата на Циле е мало дете за Заев. Можеше комотно да каже и 100 милијарди евра ќе донесе, повторно ќе имаше образ ѓон, зошто таков му е наравот, изјави Мицкоски

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This