Мицкоски: Не сме исти со СДСМ колку и да се трудат да стават знак на равенство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната дебата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Македонската телевизија кажа дека во политиката не се сите исти колку и да сакаат СДСМ и Зоран Заев тоа да кажат.

-Јас не велам дека најпрво таму ќе затропа правдата , себеси се понудувам секаде и моето семејство да бидат први кои што ќе бидат дел од тој политички рез. И тоа секаде го зборувам секаде на сите митинзи на сите настани. Но логично е веднаш по мене да биде господинот Зоран Заев и тоа семејство затоа што е лидер на опозцијата тогашна. И логично е за да може да се докаже ова сега што го зборувам иако морам да признаам несигурен, да докаже дали е тоа вистина или е невистина.Тоа е она јас што го зборам а потоа велам сите останати политичари во државата ќе бидат подлежни на тоа да докажеме дека не сме сите исти- нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека колку и да се трудат Заев и СДСМ да стават знак на равенство во политиката не се сите исти.

-Во политиката не се сите исти колку и да сакаат СДСМ и Зоран Заев тоа да го кажат.Имаме кадри кои се многу поразлични од нив и кои што поинаку ќе ја водат политиката- заклучи Мицкоски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This