March 29, 2024, 12:56 am

Мицкоски: Новата иднина е на дофат, потребен е само уште еден исчекор на 31 октомври, зад параванот вие ја имате силата, а ние сме вашиот глас во институциите кои ќе ги менуваме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата иднина е на дофат. Потребен е само уште еден исчекор. Уште еден значаен потег, а тоа е 31 октомври. Зад параванот за гласање вие ја имате силата, вие сте силата на Македонија, а ние сме вашиот глас во институциите кои ќе ги менуваме и затоа сме на чекор до новата иднина, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со граѓаните во општина Радовиш.

Мицкоски додаде дека новата иднина не е само испишаното во програмата на ВМРО-ДПМНЕ туку бедем, тврдина на принципи и морал кој сакаме да го внесеме во македонската политика.

Новата иднина не е само некаков сон за кој сме мечтаеле, таа енергијата за она што сакаме отсекогаш да го направиме од нашата земја, а секогаш не попречувале корумпираните политичари. Новата иднина не е само испишаното во нашата програма, туку и нашиот бедем, нашата тврдина на принципи и морал кој сакаме да го внесеме во македонската политика.Новата иднина е време кога е потребно да ја менуваме сликата за политичарите во Македонија. Да ставиме крај на изневерените очекувања, да започне да значи нешто повеќе чистиот образ, стисната дланка, кажаниот збор, истакна тој.

Новата иднина е ново време каде народот мора да започне економски да се засилува. Да има повеќе пари за народот, поголема поддршка за земјоделците. Земјоделците се огромната сила на тоа тивко мнозинство за кое цело време говорам. Тоа е чесниот народ кој со пот и срце заработува за егзистенцијата на своите ајмали. Време е државата да врати на овие луѓе кои секогаш и биле лојални на нашата Македонија, потенцираше претседателот Мицкоски од Радовиш.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This