April 20, 2024, 12:35 pm

Мицкоски: Новиот патриотизам во кој цврсто верувам е нашата Македонија, со силен р’бет и челична волја за победи и успеси, заедничка мајка на сите наши судбински скокови, paзочарувања и успеси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот патриотизам во кој верувам се новите инвестиции и фабрики за кои ќе се борам, новите патишта кои мораме да ги изградиме, новите работни места, порача вечерва од Охрид, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека новиот патриотизам во кој верува е заедништво кое руши ѕидови кои не раздвојуваат, како и патриотизам во кој Македонија ќе биде со силен р’бет и челична волја за победи и успеси, заедничка мајка на сите судбински скокови, разочарувања и успеси.

Новиот патриотизам во кој верувам е новото заедништво кое мораме да го покажеме, новото рушење на ѕидовите кои не раздвојуваат. Оваа наша Македонија е на народот, на сите луѓе, а сите ние имаме премали разлики споредено со работите кои не обединуваат. Новиот патриотизам во кој верувам подразбира здравство кое ќе е достапно за секој еден човек, образование кое ќе биде најголемиот ветар во грбот на малата Надица за која ви говорев. Новиот заеднички патриотизам е членството во Европската Унија, Париз, Брисел, Рим, Берлин на дофат на нашите деца, но и стандард тука како во Австрија, како во Германија. Тоа нема да се случи преку ноќ, но мора да почнеме од некаде, мора да ги отсонуваме нашите цели, да ги направиме реални, потенцираше тој.

Новиот патриотизам е да дебатираме за тоа колку ќе го подобриме животот, а не за тоа од која етничка заедница е некој функционер. Тоа е небитно кога сите ние ги имаме истите проблеми, истите маки. Поентата е колку заеднички проблеми ќе решиме, а не колку нови ќе создадеме. Новиот патриотизам е да и служиме на нашата држава, политичарите да се слуги на народот и да не заборавиме од каде почнавме, и дека народот е главен во оваа земја. Новиот патриотизам во кој цврсто верувам е нашата Македонија, со силен р бет и челична волја за победи и успеси. Заедничка мајка на сите наши судбински скокови разочарувања и успеси. Ова е мојот сон, мојот концепт, ова е новата заедничка иднина, изјави Мицкоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This