МИЦКОСКИ СО ПОРАКА ОД БИТОЛА: Да излеземе сите заедно и да го поразиме Заевизмот кој нè влече на дното

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да излеземе сите заедно и да го поразиме Заевизмот кој нè влече на дното, а Заевизмот не е само губење на националното достоинство туку и криминалот кој го прават на дневна основа, порача од битолската населба Јени маале Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Според Мицкоски, нашата држава се наоѓа пред одлука каква Македонија сакаме и каква Македонија ќе ја оставиме на идните генерации.

Претседателските избори не се само обичен избор туку избор од кој зависи судбината на државата. А работите во реалноста не се добри и не се такви какви што ветуваа од власта.

Победа на претседателските избори ќе значи сигурни предвремени парламентарни избори на кој оваа власт ќе биде детронизирана. Да излеземе сите заедно и да го поразиме Заевизмот кој не влече на дното, а Заевизмот не е само губење на националното достоинство туку и криминалот кој го прават на дневна основа, рече Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ не постои бизнисмен кој е задоволен од климата во која работи.

Нема бизнисмен кој е задоволен, ветуваа подобро здравство и повисоки плати а ни се случува егзодус на кадри кои си заминуваат од земјава. Ветуваа квалитет во образованието, а немаме универзитет, ниту во првите 1000 во Светот. Ветуваа правда и мир, а патриотите добија два века казна, додека терористи од ИСИС по шест години. Додека нема правда ќе нема мир. А нашата цел е да ја направиме државата подобра, и праведна, рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This