МИЦКОСКИ ОД ГОСТИВАР:Овој пекол што и се случува на Република Македонија, браќа и сестри има име и презиме тоа е Зоран Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари теренска посета и средба со граѓаните на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар. Мицкоски најпрво ги повика сите членови, симпатизери и граѓани кои се разочарани од актуелната власт на СДСМ и Заев, да се придружат на 2-ри јуни во 20 часот пред владата на Република Македонија да излезат како би започнал крајот на оваа ненародна влада.

Мицкоски посочи дека оваа влада се обидува да наметне колективна депресија и дека мора да се застане на патот на ова уништување и газење на гордоста и достоинството на граѓаните на Република Македонија.

-Се обидуваат да ни наметнат колективна депресија. Се обидуваат да го направат невозможното возможно, нереалното реално, лагата вистина, да не направат рамнодушни на нивната глупост, незнаење и отсуство на здрава памет. Само на тој начин граѓаните на Република Македонија да ги демотивираат да ги депремираат, и национално да ги деосознаат. Но ние ВМРО-ДПМНЕ, Македонија граѓаните на Република Македонија треба сложно да им кажеме на Зоран Заев и групата околу него дека овој пеколен план нема да им успее, ние ќе ве домонтираме и демаскираме, истакна Мицкоски.

Мицкоски им порача на сите присутни да не дозволат да бидат заплашени и да не подлегнат на заканите и притисоците од Заев и блиските негови соработници, бидејќи силата на една држава е народот, додавајќи дека на 2-ри јуни токму народот ќе му каже на Заев дека е доста со неговите погубни политики.

-Оваа недела ќе се обидат да ве заплашуваат, ќе се обидат да ви се закануваат. Нема да им успее, ако сите ние заедно сложно излеземе на 2-ри јуни, ќе им кажеме доста е! Ќе ве пратиме на крајот од денот на темната страна на срамот ѕидот на срамот на историјата Република Македонија. Ние сме тие кои што треба да си ја земеме судбината во свои раце. Оваа генерација политичари треба да го прати Зоран Заев дома. И ова што и се случува на Република Македонија, браќа и сестри има име и презиме не заборавајте Зоран Заев е името и презимето. Тој е виновникот за ова што и се случува на нашата татковина, Зоран Заев, порача Мицкоски.

Мицкоски истакна дека покрај лажно ветените 500-тини евра плата, 100 илјади денари плата за докторите, повисоки субвенции за земјоделците, поголеми пензии за пензионерите, поголем стандард за младите и живот за сите, Зоран Заев и СДСМ донеле само темнина, понижувања, чемер и јад за граѓаните на Република Македонија.

– Капиталните инвестиции се за два и пол пати помали споредено со првите 4 месеци со минатата година, буџетот го полнат со акцизата за гориво која ја покачија, што значи дека чепкаат од џебот на граѓаните но парите не ги трошат за капитални инвестиции, а платите сами предвидуваат со мивната фискална стратегија дека дури и за 4 години нема да достигнат 500 евра како што самите ветуваа, со други зборови лага до лага, истакна Мицкоски во Гостивар.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This