March 29, 2024, 12:42 pm

МИЦКОСКИ ОД КАРПОШ: Луѓето се разочарани. Се докажува лажната матрица на власта и измамите кои ги прави Зоран Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, каде оствари средба со граѓани, членови и симпатизери на партијата.

-Бев во Карпош. Луѓето се разочарани. Се докажува лажната матрица на власта и измамите кои ги прави Зоран Заев. Пред изборите за да ја добијат довербата од граѓаните во 1-вата и дел од 2-рата изборна единица во делот на Гази Баба ветуваа намалување на цените на парното. По изборите се покажува дека далеку сме од тоа ветување, односно дека лажеле за ова, истакна претседателот Мицкоски.

Тој рече дека предлог законот кој е поднесен во собраниска процедура за измени на даноците и е пред второ читање никаде не предвидува намалување на ддв-то за топлински услуги од 18 на 5%.

-Стапката на ДДВ за затоплување на сметките коишто ги добиваме за затоплување дома си останува иста и е 18% и не е намалена на 5%, потенцираше Мицкоски.

Тој од Карпош порача дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман за намалување на оваа стапка онака како што беше ветена на сметките за затоплување коишто ги добиваат граѓаните од 18 на 5%.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This