МИЦКОСКИ ОД КАРПОШ: Нашата борба е за секој еден граѓанин, против секое црнило, за иднина и правда, за сигурна и развиена Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва имаше средба со Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во скопски Карпош.

-Имав средба со луѓето кои се верни поддржувачи на партијата и искрени родољуби. И луѓе кои се подеднакво загрижени за црнилата кои се случуваат на нашата земја. И кога ќе праша некој зошто протестираме, ВМРО-ДПМНЕ протестира против црнилата и неправдите, против политичките хајки и притисоци, против Кацарска судството и Рускоска обвинителството кои еве денес ги гледаме во каква само вештачка симбиоза дејствуваат, против нарачаните сведоци, против промените на Уставот со цел промена на името, против одземеното достоинство, против црнилата донесени со неразјаснетите убиства и ослободените криминалци, против црниот Вотергејт на Заев и уценетото судство и обвинителство, против покачените даноци, и сиромаштијата, против загрозеното здравје и загадениот воздух, против овие црнила донесени од Заев и СДСМ, напиша Мицкоски на Фејсбук и додаде:

„Имаме киднапирана држава од неспособни луѓе кои ја одземаат државата од народот затоа што делуваат спротивно на неговата волја, ја газат неговата чест и име, спротивно на државните интереси. Нашата реалност денес не смее да се претвори во време потрошено на хајки, притисоци, заканувања со затвор, тоа не носи добро на никому. И треба да сфатат колку повеќе притискаат, колку повеќе се закануваат толку повеќе се слаби и исплашени, а народот свесен и револтиран. Секоја неправда ќе биде победена од правда, секоја незаконитост ќе биде изведена пред законот, и секое црнило ќе биде победено од зората која ќе изгрее. Нашата борба е за секој еден граѓанин, против секое црнило, за иднина и правда, за сигурна и развиена Македонија. Зората ќе изгрее против овие црнила кои ја потонуваат нашата држава“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This