МИЦКОСКИ ОД КИЧЕВО: Незадоволството против оваа неспособна влада која остава зад себе пепел и неуспеси секојдневно расте

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски, лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија ВМРО ДПМНЕ попладнево беше во Кичево на средба со граѓаните.

Незадоволството против оваа неспособна влада која остава зад себе пепел и неуспеси секојдневно расте. Оваа влада не ја спасува ниту сеењето на магла со онаа метла која ја најавуваат. Таа операција е за справување со неподобните во нивните редови, и фрлање на прав во очи за задскривање на вистинските неуспеси и криминал на оваа влада, изјави Мицкоски во Кичево.

Според Мицкоски, носителот на овие измами е еден човек и тој се вика Заев Зоран.


Денешното назадување, уништување во економијата, здравството, земјоделието, образованието е негово дело. И метлата има смисла само доколку си замине тој кој што го донесе сето ова, а тој денес е на чело на најнеспособната влада во историјата на Македонија. Најавата за оставка на пратеникот денес е само магла во јавноста за да се избегне неговата кривична одговорност која е очигледна.

Наводната метла за жал започнува од оние претседатели на општински организации од кои не слушнавме како се садат полиња на марихуана и се прави бизнис од тоа, како се делат парцели за градење на згради по багателни цени, како се уништува здравството, прават криминални иновации. Сето ова доаѓа од Заев кој прв треба да си замине, рече Мицкоски во Кичево.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This