April 19, 2024, 11:49 pm

Мицкоски од Крушево: Заев и СДСМ се „доктори по наука“ за kpиминал, пљaчка, коpyпција и национално предавство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Крушево претседателот на најголемата македонска политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека на 15-ти јули народот овие политичките измамници од СДСМ ќе ги испрати на темната страна од македонската историја. Овие избори се историски, бидејќи како што кажа тој треба да се трасира иднината на македонското поколение, но и да се обели образот на нашите претци кои што со живот го платиле она што ние денеска го живееме.

-А крушевчани имаат најмногу право на ова, бидејќи овде се случувало она организирано востание и пркос за независна македонска суверена држава уште на почетокот на 20-тиот век. Она што овие избори ги прави поразлични е тоа што ние треба да завршиме со експериментите.

Народот го разбудил пирејот во себе и решил да го победи овој противник на 15-ти јули, рече Мицкоски.

-Еве од овде од Крушево кажувам јас сум Христијан Мицкоски Зоране Заев, кој ќе те победи и тука ќе заврши твојата политичка кариера. А после тоа еве ти кажувам се обврзувам дека ќе го почитувам твоето право на презумциум на невиност и ќе имаш можност пред судовите да ја докажуваш истата. Но, не знам дали ќе успееш во тоа. Гледавме како Заев е добар во економијата, едно евро за Вицето, па гледавме како негов адвокат брат на судијка која што го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин му овозможи привилегирана позиција на СДСМ. Па гледавме како еден функционер ладно си зема купче со пари и си го става во чантата. И отприлика таа економија по мерка на Заев и СДСМ се сведува само на ова. Многу криминал, корупција и пљачка. Секогаш кога СДСМ е на власт се случуваат овие три работи, но оваа влада е надградена и проширена, јас кажувам дека доктор по науки станала. Прво што прават е национално предавство. Втората работа е криминал и корупција. И третата работа е тоа што го заробуваат судството и обвинителството да се исперат за некои злодела од минатото и да исконструираат некои дела за политичкиот противник, кажа од говорницата Мицкоски.

„На 15-ти јули ќе се најдеме на историска раскрсница. Дали да прифатиме истрошени потрошени политичари како што е госпоѓата Шекеринска која што ја гледаме, како рече Мицкоски уште од раните 90-ти од транзицијата кога се пљачкаше Македонија и нашите родители беа бркани од фабриките и пола од народот останаа на улиците. Или ќе одбереме маестро, патриот, човек кој реди успеси и надвор од Македонија и со аплаузи на странските сцени успешно ја промовира македонската култура, родољубот Игор Дурловски.

На крајот Мицкоски ги повика жителите на Крушево да го заокружат бројот 14, за обнова на Македонија. Тој кажа дека е убеден дека народот во Македонија е одлучен да оствари историска победа и ќе победи на 15-ти јули, а на 16-ти јули сите заеднички ќе ги засукаме ракавите и ќе ја кренеме нашата држава од пепелта во која што ни ја оставија Заев и СДСМ“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This