April 19, 2024, 11:31 pm

Мицкоски од Неготино: Наместо да направат горди лозари тие направија засрамени лозари кои денеска не се чувствуваат достоинствено за маката која што ја вложуваат во своите лозја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при неговата посета денеска во Неготино им се заблагодари на оние кои пред многу години до денес ставаа цигла по цигла, штица по штица за да може да стојат пред најголемата и најорганизираната политичка сила во Македонија, а тоа се основачите и ветераните на ВМРО-ДПМНЕ овде во Неготино.

-Изминативе денови започна кампањата за предвремените парламентарни избори и започна во едни специфични услови од тоа што беше во минатото, затоа што ние сме единствената држава во Европа која никако да излезе од овој прв бран кој не зафати со оваа пандемија. Не можеме да излеземе затоа што за жал имаме некадарни политичари, имаме политиколози наместо инфектолози во Комисијата за заразни болести кои што за жал мерките кои што ги спроведуваат не само што не вродија со плод, не донесоа резултати туку напротив ја влошија состојбата. Она што е важно е почитувајќи ги мерките на 15 јули да излеземе масовно како што тоа знае да го направи патриотско Неготино и да го казнат ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, истакна Мицкоски.

Мицкоски при неговото обраќање пред неготинчани посочи дека доста е веќе граѓаните да се чувствуваат како граѓани од втор ред во сопствената држава, да шетаат со наведнати глави, обесправени и кажа дека на сето тоа ќе му се стави крај на 15 јули кога ќе се порази ова раководство на СДСМ и Заев.

-Можеа да направат повеќе работи, само требаше повеќе да работат, наместо да уживаат фино залегнати во нивните кожни фотелји, да ги газат оние персиски килими во институциите. Наместо да ги уживаат тие привилегии требаше да се симнат овде со народот и да разговара што го мачи. Можеа да го направат подостоинствен македонскиот земјоделец наместо да чека предизборни ветувања за субвенции, за загарантиран откуп, тоа да го добива навремено како што тоа го ветуваа во 2016 овде во Неготино.

Наместо да направат горди лозари тие направија засрамени лозари кои денеска не се чувствуваат достоинствено за маката која што ја вложуваат во своите лозја, потенцираше Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ при својата посета со граѓаните рече дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е многу внимателно напишана со поддршка на луѓето експерти од структурите на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе од коалицијата За обнова на Македонија и уште многу луѓе кои имаа придонес во неа.

-Доаѓаат убави времиња, доаѓаат најубавите години затоа што се обврзуваме да исполниме се што сме напишале во нашата изборна програма. Нема да направиме чуда, но ќе оствариме се што сме ветиле. Се обврзуваме да работиме деноноќно за доброто на граѓаните. Одете слободно низ Неготино и околината и кажете им на сите што ВМРО-ДПМНЕ ќе направи за вашиот град и за сите граѓани. Јас стојам на зборот и нема да се засрамите за се она што ќе ветите од изборната програма, бидејќи се ќе се исполни, вели тој.

Мицкоски укажа на една важна работа од една лидерска средба каде понудил сите политички партии да потпишат декларација во која ќе се согласат дека Гоце Делчев е херојот на Македонија и дека за него нема преговарање.

-Се обврзуваме на 25% поголема просечна плата во еден мандат. Се обврзуваме на 20% поголеми пензии во еден мандат од четири години. Се обврзуваме на минимум 1000 километри реконструирани регионални и локални патишта. Се обврзуваме на невработеност под 10%. За претприемачите се обврзуваме на најнискиот рамен данок во Европа од 8% и за секое вработено лице до 29 години да нема данок. Да ги сочуваме нашите деца овде во Македонија, не ни треба празна држава, туку полна со нашите деца. Се обврзуваме на капитални инвестиции со 90% реализација. Реновирани болници, еден универзитет во првите 1000 според Шангајската листа, достоинствени услови за студентите со реновирани студентски домови и најмалку еден студентски град. За земјоделците најмалку 640 милиони евра субвенции во еден мандат и загарантиран откуп на произведеното. Нема да дозволиме да се фрлаат во коритото ресенските јаболка, да се истураат сливите од Пијанец и Малешевијата, нема да ја гледаме Пелагонија неожнеана. Да не се истураат праските од Росоман, да не се истура грозјето, да не стојат необрани нивите. Мора да имаме загарантиран откуп за сите земјоделци, додаде Мицкоски.

Мицкоски на самиот крај побара од граѓаните на 15 јули да излезат и да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Обнова на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This