МИЦКОСКИ ОД ОХРИД: На Македонија и требаат луѓе кои ќе ги штитат интересите и волјата на граѓаните, луѓе кои го знаат патот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во Охрид го имав задоволството заеднички да разговараме со актуелниот и цврсто верувам, идниот Претседател на Република Македонија. На Македонија и требаат луѓе кои ќе ги штитат интересите, кои ќе ја заштитат волјата на граѓаните, и кои ќе бидат бескомпромисни борци за словото на законот и правната држава. И тоа во време кога правдата е нападната од неправда и кога владата ја гази волјата на народот.

Ова го напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-Ова е битка на нашата генерација, на оние кои влеговме во политиката не за да добиеме нешто, туку за да го дадеме најдоброто. Не е повеќе опција седењето настрана, и немото набљудување на пропаста во нашето општество. Сите ние имаме можност и обврска да влијаеме пред да биде вистински предоцна. Да ги оставиме разликите, сите заедно да се обединиме, да се спротивставиме, да победиме. На Македонија и требаат честити луѓе и луѓе кои го знаат патот. Ќе го мобилизираме најдоброто од нашата земја, ќе подадеме рака на секого, бидејќи нашата цел е честита и силна Македонија!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This