Мицкоски: Она што Заев го постигна е капитyлација и пoнижување на македонскиот народ и земја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Предуслов беше договор, но не ваков. Ова е кaпитулација и понижувaње на македонскиот народ и македонската нација“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ.

Мицкоски додаде дека договор требало, но не ваков каков што потпиша Зоран Заев и го предаде македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ не го спори фактот дека бил потребен договор, но не ваков за жал.

„Сега ние треба да признаеме, и вие, и сите, дека овој договор не гарантира еве како што гледаме отпочнување на преговори“, појасни Мицкоски.

Меѓу другото Мицкоски се осврна дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се согласило со овој договор. Но за жал реалноста треба да се прифати. А, за оваа cyрова реалност виновници се Зоран Заев и СДСМ. Договорот на Заев нема да го спречи македонскиот народ својата држава да си ја нарекува Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This