МИЦКОСКИ ОТКРИВА КАДЕ СЕ ДОГОВАРААТ ТЕНДЕРИ: Лоповите од власта тендерите ги договараат во хотел во источна Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Што ветуваше СДСМ, а што реализираше од ветеното – ова беше дел од говорот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска се обрати пред насобраниот народ во Прилеп.

-Ветуваа, многу ветуваа се сеќавам и овде во Прилеп дека најмалку 5 проценти ќе растела економијата на годишно ниво, помина речиси половина мандат, ни половина од тие 5 проценти не успеаја да испорачаат раст на бруто домашниот производ, а кој е тој БДП?, тоа се оние пари кои што ветуваа дека ќе завршат кај граѓаните, рече Мицкоски на протесниот марш во Прилеп.

Тој зборуваше за зголемувањето на даноците, за тендерите, за провизиите…

Ама не само што тие пари не завршија кај граѓаните, туку од ден на ден, се повеќе завршуваат во нивните џебови, така што ги зголемуваат даноците и го полнат буџетот. Го укинаа советот за јавни набавки за да може да им врват тендерите во четири очи, да можат полесно да ги договараат провизиите кои што секој граѓанин знае дека се движат од 5 до 15 проценти, а местото на исплата и тоа се знае, еден ресторан и хотел во источна Македонија и не ги интересира дали даноците се зголемени затоа што кај нив игра само „ќешот“ и ништо повеќе „лопови“ и ништо повеќе не се од тоа тие луѓе, потенцира Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This