Мицкоски откри еден мал детал за кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ:95% од предлозите за прв пат ќе трчаат на локални избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реформата во ВМРО-ДПМНЕ заврши, изјави претседателот на партијата Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска беше во Битола, на одбележување на роденденот на Општинскиот комитет на партијата во тој град. За време на настанот, присутните новинари го прашаа Мицкоски и за кандидатите на партијата за претстојните локални избори на есен.

„Тие заборавија на старите ветувања а веќе ги гледаме нови ветувања даваат. Навистина жалам што владејачкото мнозинство изминативе четири години па и локалната управа во наша Македонија не успеа да привлече, да магнетизира нови свежи луѓе со нови свежи идеи, туку се потпираат на старите корумирани градоначалници и очекувам една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори. За разлика од нив, ние излегуваме со комплетно нова структура на градоначалници. Повеќе од 95% од имињата ќе бидат луѓе кои за прв пат ќе ја бараат довербата на граѓаните“,
изјави Мицкоски.

Според лидерот на најголемата опозициска партија, новите имиња за градоначалници всушност го комплетираат циклусот на реформи во партијата.

„Имаме нова пратеничка група. Имаме нова структура на кандидати за градоначалници. Можам да кажам дека процесот на реформа во ВМРО-ДПМНЕ заврши. Почнуваме со реформа во Македонија. Реформа, Македонија е она што го заслужува. А според мене патриотизмот во 21 век е луѓе коишто ќе работат чесно, честито и за тоа ќе зборуваме малку повеќе на роденденот“
изјави Христијан Мицкоски од Битола.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This