Мицкоски: Пендаровски без доказ за мнозинство го дал мандатот на пратеникот Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неуставното доделување на мандат на пратеник коијшто нема докажано мнозинство во рамките на парламентот и денеска на нашата прес конференција токму тоа и го кажавме и побаравме средба со Претседателот Пендаровски, која што се случи. После час и половина дискусија и разговор внатре заедно со Претседателот Пендаровски заклучивме дека денеска пратеникот Зоран Заев изразил уверување дека ќе работи создавање на парламентарно мнозинство.

Ќе се повикам на неколку изјави во минатото од страна на господинот Пендаровски којшто рече дека „Мандатот ќе го доделам откако ќе добијам уверување за парламентарно мнозинство“, а не да добие уверување дека ќе работиме на парламентарно мнозинство како прво. Како второ ќе се повикам на една негова изјава во којашто рече дека ќе ги повика политичките лидери, односно претседателите коишто на овие избори беа кандидати за мандатар, на разговор, којшто тој разговор до ден денеска не се случи. И ќе се повикам на трета изјава од страна на господинот Пендаровски којшто рече дека мандат на лица коишто имаат афери нема да даде, ниту пак ќе поддржи лица со афери да бидат дел од идната влада, порача Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ по средбата со Пендаровски.

-За жaл денеска сето ова тој во една реченица го поби, откако одлучи да го даде мандатот на пратеникот Зоран Заев којшто нема до овој момент парламентарно мнозинство. И на тој начин брутално ја приватизираше и ја злоупотреби позицијата Претседател на државата. Ќе ве потсетам ВМРО-ДПМНЕ како опозиција ниту во еден момент не го дискутираше мандатот на Претседателот на државата господинот Пендаровски, напротив тој е единствениот којшто не бил оспоруван од страна на опозицијата. Од моја страна, на средбата јасно и недвосмислено ги изразив и ги кажав сите забелешки коишто ги имаме од неговото работење посебно во вонредната состојба, кога брутално истата беше злоупотребувана од страна на Владата на Пендаровски и на Заев за иституционален поткуп, но и поинаков потkyп на граѓаните на овие парламентарни избори. Истовремено го потенциравме и фактот како се менуваше Изборниот законик на ден пред отпочнување на кампањата без согласност на сите политички партии, практично СДСМ беше фаворизирана наспроти ВМРО-ДПМНЕ. И истото денеска го стори Претседателот Пендаровски, откако одлучи да го додели мандатот на лице пратеник, во случајов Зоран Заев којшто нема во овој момент парламентарно мнозинство, рече тој.

ВМРО-ДПМНЕ на денешната координација донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со господинот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита политиките коишто ќе ги води во однос на кабинетот.

-За жал уште еднаш можам да кажам дека како напaд и во минатото, така и овој пат се приватизирани институциите, заробени за личен и партиски интерес, а на сметка на интересите на граѓаните. Ќе повторам и тука ќе завршам, денеска пратеникот Зоран Заев го доби мандатот откако го уверил Претседателот Стево Пендаровски дека ќе работи на парламентарно мнозинство, без да поседува парламентарно мнозинство. Жалам што македонските граѓани се сведоци на една ваква би рекол вешто подготвена претстава, а сите ние ќе имаме последици во услови кога банкротираат банки, кога не знаеме како ќе се одвива образовниот процес, кога гледаме дека поскапувањата се се поголеми и поголеми, кога гледаме како криминалот и корупцијата цветаат, справување со Ковид пандемијата воопшто и да нема, гледаме дека ситуацијата во државата оди во погрешен правец, ние денеска имаме заробен мандат од пратеник којшто во овој момент нема парламентарно мнозинство, порача Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This