МИЦКОСКИ ПОВИКА НА БОЈКОТ: Како партија ги повикуваме институциите да го бојкотираат законот за јазици – денес беше егзекутиран aтeнтaтoт врз Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Отворено студио на телевизија Алфа истакна дека, Зоран Заев со спроведувањето на двојазичноста и промената на името на државата прави aтeнтaт врз Република Македонија.

Говорејќи за противправното објавување на Законот за јазиците во Службениот весник, тој посочи дека тоа е дел од сценарио одамна замислено, а спроведено етапно за да не се подгреваат страстите со цел најпрво да се заврши со промената на името на државата. Во атентатот на државата главниот играч е Зоран Заев кој, како што посочи Мицкоски, веќе две години кумува на овој процес.

-Вчера започна, а денес беше егзекутиран атентатот врз Република Македонија. Она кое што го осмисли претходно, за време на зимските и пролетните месеци минатата година, го операционализираше и конечно во една против процедурална и против законска и против уставна процедура на насилен начин го завршија во рамките на Собранието, Зоран Заев, Талат Џафери и останатите ликови кои што му кумуваа на овој процес во рамките на Собранието. По одреден период тие тактизираа го чекаа овој момент, бидејќи ајде си велеа да не создаваме сега алиби за овие уценети пратеници да завршат еден друг процес, да не ги вознемируваме страстите помеѓу нив па да не се појави некое чувство на колебање помеѓу нив. Па ајде откако заврши она што заврши во петокот, ајде сега на ваков брутален насилнички начин да го дозавршиме атентатот врз Република Македонија, вели Мицкоски.

Мицкоски повика и на бојкот на употребата на албанскиот јазик, односно на законот за двојазичност во државните институции.

Ги повикавме сите институции без разлика дали се на централно или локално ниво, да го бојкотираат, да го игнорираат, односно да не го операционализираат овој закон во рамките на нивното работење. – рече Мицкоски

На прашањето дали денска се случи пуч во Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во Отворено студио, рече дека Заев и Џафери во суштина извршиле атентат врз Македонија а дека на денешниот ден му претходело она што го обзнани претседателот на Собранието во врска со законот за јазици.

Вчера гордо на социјалните мрежи Џафери заедно со луѓето кои се дел од ДУИ и се функционери во Владата на своите ФБ профили на социјалните медиуми објавувајќи знаме на соседна држава го славеа она што го направи претседателот на Собранието. Противуставното потпишување на закнот за јазици, денеска доби продложение, кога директорот на Службен весник го објави указот. Со тоа пред себе си создадоа алиби дека законот е во употреба и правосилен, вели Мицкоски.

 

Мицкоски рече и дека до одреден период тактизираа, лажеа, создаваа алиби за уценетите пратеници се со цел, како што рече да заврши еден друг процес.

Кога заврши тој процес, на ред дојде она што се случи во петокот, а сега со денешниот ден го довршија атентатот врз Македонија, рече Мицкоски.

За тоа кој е виновен и кои се главните актери за извршување на атентатот, Мицкоски вели дека првата улога ја има Заев кој се одмара во сауни во скапи хотели платени со пари од граѓаните, кои чинат и до милион денари, според написите на медиумите, рече тој.

Своја улога имаат и Талат Џафери и младото момче од Службениот весник. Но треба да знаат дека она што го прават е кривично дело, рече Мицкоски и потсети дека ќе поднесат кривични пријави како и проверка на уставноста на законот пред Уставен суд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This