Мицкоски: Поради погpeшната политика и слабата дипломатија на Владата на Заев, Европа не го испорача ветеното

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Брисел која тој ја искористи за да помогне да се одблокира што поскоро процесот за пристапни преговори преку вашите европски партнери, на 22 јуни Бугарија го продолжи ветото.

„Погрешната политика дефинитивно и слабата дипломатија, ветувањата, преземените обврски една хаотична ситуација, што се не зборувале тука нашите перјаници во владата на Зоран Заев и СДСМ, што тој лично, што поранешниот министер за надворешни работи Димитров, или сегашниот Османи, што се немаат изнакажано, за жал нема никаква испорака“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека доколку Владата на чело со Заев ги спроведеше реформите и инвестираше во подобрување на економијата, образованието, здравството, законодавството, наместо да нарачува политички процеси и да поставува партиски луѓе во обвинителството, Македонија ќе имаше далеку посимшлна преговарачка позиција.

„Доколку ние си ја завршевме домашната задача, доколку бевме со силна економија, силно образование, здравствен систем конкурентен со европскиот, хармонизирано законодавство, а не политички нарачани процеси, политички инструирани обвинители, силни земјоделци, среќни пензионери, младина којашто останува наместо да се сели, многу инвестиции тогаш работата ќе беше поинаква. Тогаш аргументите на официјална Софија и Бугарија ќе беа многу послаби споредено со тоа што се денес и затоа ние треба на овој начин преку домашната задача преку сето она што треба да го завршиме дома, да ја зајакнеме нашата позиција. На тој начин пропорционално ќе ја ослабиме позицијата на официјална Софија и на Бугарија и ќе дојдеме до конечно посакуваната цел, а тоа почеток на преговорите“, изјави Мицкоски.

„Се разбира македонскиот народ повеќе не е подготвен на дополнителни отстапки, толку беше, тоа е мојата порака од овдека, сега треба еднашка Европа да си го испорача ветеното, а тоа е да Македонијa почне со преговорите со Европската Унија. Не е тоа датум за Зоран Заев, датум за СДСМ, Бујар Османи и останатите, тоа е за граѓаните во нашата татковина и тие тоа го заслужуваат и тоа го заслужиле со своето однесување изминатите години“, додаде тој

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This