МИЦКОСКИ: Потребно ни е обединување за одбрана на државните интереси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и оваа зло кое што надвиснало над нашата татковина, а кое што го предводи Зоран Заев и Социјалдемократскиот сојуз. Но, за тоа ни е потребно обединување. Секогаш во историјата кога ВМРО-ДПМНЕ застанало цврсто во одбрана на државните и националните интереси, потребно било обединување под бајракот на слободата. Така ни е потребно и овој пат, порачува Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Изминатиот период многу луѓе ме среќаваа и ми велеа тивки сте ве нема, се сомневаа, имаше многу сомнежи. Но на сите им дадов еден одговор. Лесно е да влезеш во битка во која што крајот е неизвесен и лесно е да војуваш со туѓи синови. Јас сакам да ве поведам во битка во која што сите заедно ќе победиме, и таа битка нема да биде лесна и нема да биде кратка. Дојде денот кога таа битка ќе почне и ќе трае летово и ќе трае есенва, се до предвремените парламентарни избори“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, потпишано од Мицкоски.

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This