МИЦКОСКИ ПО КООРДИНАТИВНИОТ СОСТАНОК СО КОАЛИЦИЈАТА: Силјановска ја има нашата комплетна поддршка, на претседателските ќе победиме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, доцна попладнево по координативниот состанок со коалиционите партнери одржа прес конференција, на која што соопшти дека во наредниот период очекуваат сѐ повеќе граѓани својата поддршка да ја дадат за кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, а по победата на претседателските избори, Мицкоски е уверен дека ќе предизвика и предвремени парламентарни на кои коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и ќе формира нова влада

Најпрвин да Ве поздравам вас медиумите што имаме оваа можност денеска овдека на македонската јавност да и соопштиме една од одлуките кои што ги донесовме како Коалиција „За подобра Македонија“ дека комплетно Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од најголемата опозициона и најголемата политичка партија во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ ја дава поддршката и комплетно застанува позади претседателскиот кандидат професорката Гордана Силјановска Давкова.

Ние цврсто веруваме и врз основа на целокупната онаа навигација која што ја добиваме од терен, врз основа на сите оние мерливи мерења на јавното мислење дека иден претседател на Република Македонија е професорката Гордана Силјановска Давкова.

Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Република Македонија, Македонците, Србите, Босанците, Турците, Ромите, Власите и сите останати да ни се придружат и да застанат со нас на 21-ви април масовно да излезат на гласање, да го поддржат кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“, професорката Гордана Силјановска Давкова да ја подотворат вратата за пораз на заевизмот кој што како ментална матрица во последно време во Република Македонија зафаќа размери. А, на тој начин да се подотвори вратата и за организирање на предвремени парламентарни избори во кои што јас сум цврсто убеден, а и ние како Коалиција „За подобра Македонија“ дека ќе го поразиме и трајно ќе го испратиме на темната страна на историјата заевизмот во Република Македонија.

 

Ќе ја формираме новата влада и ќе отпочне нова ера за достоинствена, економски преродена, технолошки тигар на Балканот, достоинствена и горда Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This