Мицкоски: По цена на здравјето СДСМ се труди да ги задржи фотелјите, затоа што знаат дека по поразот мора да одговараат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Клан Дебата“ на телевизијата Клан Македонија истакна дека по цена на здравјето на граѓаните, Владата на СДСМ се труди да ги задржат фотелјите. Според него стравот е голем бидејќи по поразот на следните парламентарни избори кога и да се случат тие ќе мора да одговараат. Мицкоски посочи дека во моментов секојдневно ги броиме новите заразени, а бројката на смртни случаи постојано растеи во вакви моменти не е време за избори.

-Имаме кредибилни светски институции, лекари кои што велат прерано е за избори. Зошто прерано? Затоа што ние се уште ги броиме луѓето кои што на дневна основа се инфицирани и ние сме апсолутни рекордери на Балканот. Да ја потсетам македонската јавност дека ние практично сме рекордери и по една друга категорија, а тоа е бројот на луѓе кои што за жал го загубиле својот живот, тука сме апсолутно рекордери на Балканот. И кога сето ова ќе го ставите на кантар и ќе видите каква е економска ситуација во моментов во државата, односно немерките кои што се превземаат и очекуваниот револт кај граѓаните, нивната позиција за мене како политичар е разбирлива, но како граѓанин е неоправдлива. Затоа што вие не можете по цена на здравјето на граѓаните и по цена на животите на луѓето по секоја цена да гледате да ги задржите фотелјите. Тоа го прави обично човек кој што е исплашен дека по поразот и дебаклот кој што ќе му се случи на следните предвремени парламентарни избори кога и да се случат, доаѓа вториот институт, а тоа е институтот на одговорност, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This