Мицкоски: Премногу долго Македонија е зaглавена во европската чекална, власта на Заев преземала обврски кои не ги исполнува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска заврши политичкото собрание на Европската народна партија, на чии маргини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше прилика да поразговара со претседателот Пауло Рангел којшто доаѓа од сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕод Португалија. Мицкоски разговараше и со господинот Дејвид Мекалистер којшто е претседавач со Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент и дел од сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ од Германија, ЦДУ .

Сето ова заврши со еден официјален состанок, со претседателот на Европската народна партија, господинот Доналд Туск. Тема на средбата исо Туск беше ветото од страна на Бугарија кон Македонија и неправдата која му е нанесена на македонскиот народ, нација и македонската држава, затоа што после толку години, после толку успешни извештаи повее од петнаесет години ние сме уште во чекалницата и сме жртви на непринципиелни барања од страна на поедини земји членки на Европската унија.

„Јас не можам да се поистоветам со челниците на СДСМ и да доаѓам овдека во Брисел и да ја кодошам нашата Влада или да зборувам лошо тоа е проблем којшто ќе си го решиме дома, на избори и таму ќе ги поразиме и таму ќе зборуваме за нивниот криминал, корупција и погрешни политики и немањето реформи“, истакна Мицкоски.

Мицкоски побара од соговорниците, од луѓето кои се дел Европската народна партија како што е Рангел, како што е Мекалистер и конечно Туск, да помогнат на Македонија и македонскиот народ да го добијат заслуженото, а тоа е конечно почеток на преговорите за полноправно членство во Европската унија.

„Македонија и македонскиот народ имаат пријатели овде во Брисел и тие ќе застанат позади интересите на нашата татковина, нашиот народ и очекувам веќе дека на следниот Самит на ЕУ кон крајот на оваа година таму во декември да конечно се вразуми нашиот источен сосед, односно политичарите кои ќе ја креираат новата влада, нормално тогаш ќе бидат веќе завршени и претседателските избори таму во Бугарија, ќе можат да го повлечат ветото, да се однесуваат европски и да може Македонија конечно да ги почне преговорите со Европската унија“, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This