Мицкоски: СДСМ до сега не понуди ништо, ниту на централно, ниту на локално ниво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Резултатот од овие избори ќе биде опомена на власта, по што треба да следат промени. По опомената која власта ќе ја добие на изборите треба да се одлучат дали сакаат да гледаат траорни слики како онаа во Тетово каде горат живи луѓе, на дно сме по инвестиции, образование, со вакцинација против корона сме на дно. Има само безидејност од оваа власт, а ние ќе понудиме нешто сосема спротивно, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во централниот Дневник на телевизија Сител.

Мицкокски најави дека неспособноста на власта по изборите треба да се замени со нови луѓе, идеи, проекти, работа.

„Многу е важно ова сега да се смени, се што е неспособно да се замени, затоа ги повикувам граѓаните да ја опоменат, но не само тоа, туку и да ја делегитимирааат власта и да дадат можност на нови млади луѓе кои ќе ги решаваат проблемите“, рече Мицкоски.

Тој укажа дека ВМРО-ДПМНЕ комплетно се разликува по се од противникот.

„Од една страна има аболиран политичар со многу афери поврзани со него, за разлика од него, јас сум човек кој се трудел да ги задржи чесноста и така ќе работам и во иднина. Или ние како партија сме комплетен антипод на власта. наместо безидејност, нудиме проекти, работа. Нивните луѓе до сега не понудија ништо, ниту на локално ниво, ниту на централно ниво“, рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This