МИЦКОСКИ: Се загушивме од „алпскиот“ воздух на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Центар потсети на ветувањето на СДСМ дека ќе го рестартираат Југохром. Имено прво ветуваа дека тоа ќе се случи еден мај 2017, па велеа дека до крајот на 2017 година ќе го рестартирале. Потоа ветувањата беа за еден мај во 2018 ќе го рестартирале. Но, дојде и мај 2019 од рестартирањето нема ништо.

-На прес конференциии овој градскиот татко што требаше да биде, ни читаше пресконференции дајте ни ја довербата и ние ќе донесеме чист алпски воздух ќе почне да дува по ливадите, по улиците, по булеварите. Но, реалноста е дека тоа го ветуваа само за пусти пари и лажеа, скопјани и центарци немале позагаден воздух никогаш во историјата, истакна Мицкоски.

Тој уште постети и на некои други ветувања од страна на СДСМ. Тоа се:

-Ветуваа гасификација, па на тој начин ќе го решеле затоплувањето во домовите, ќе пуштеле гас до секој еден дом, до секој еден граѓанин и ќе почнеле од Центар и главниот град. Еве ги две години помина, една шајка немаат заковано, и таа шајка што несреќно ја заковаа, ја украдоа

-Се сеќавате зборуваа за економски раст од 5%, а од првиот ден до денеска дваипол пати е помал растот од тој што го ветуваа на македонската економијата. Вчера Светската Банка ги потсети колку блескаат во Светот, осумдесет и осмо место сме заедно со Танзнија и Гвинеја

-Ќе го реформирале даночниот систем во Република Македонија, да го реформираа, но наместо да одат даноците надолу тие, парите повеќе да бидат кај граѓаните, денеска даноците одат нагоре за 50 проценти од тоа што беше порано.

-Ветуваа нови работни места, ветуваа дека секој ќе добие шанса според квалитетот, ама денеска ако не сте некој седми братучед на Мира Дизел тешко дека ќе се вработите во државно

-За жал сето она што го ветуваа овие години, прва прилика кога имаа тоа да го исполнат, не успееја. Паднаа на економскиот тест. На економскиот тест добија не единица, добија 0 и тоа не од граѓаните на Република Македонија, не од молчаливата бизнис заедница туку добија од Германската стопанска комора

-Ветуваа дека штом СДСМ ќе дојде на власт, Македонија ќе влезе во НАТО и ќе ги отпочне преговорите за ЕУ, без да го променат идентитетот, без да го променат тоашто прво го направија посегнаа по идентитетот. Се колнеа во жицата, во дедовината, во татковината, се колнеа во најмилото дека нема тоа да го направат туку они биле вешти политичари и само да падне режимот веднаш Македонија ќе биде примена во Нато и ќе се отпочнат преговори со ЕУ. Минатата година ширум празните плоштади, игравме чочеци, се слушаше музика, славевме влез во НАТО иако тоа не се случи. Истовремено славевме дата за почеток на преговори со ЕУ. Еве втора година по ред, но дата за преговори со ЕУ, и влез во НАТО сеу ште нема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This