МИЦКОСКИ: Се надевам дека Заев конечно ќе си го одржи зборот и ќе распише избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Независен весник вели дека политиките на власта се поразени на изборите, а тој лично очекува дека премиерот конечно ќе го одржи зборот и ќе распише предвремени парламентарни избори.

-ВМРО-ДПМНЕ во минатото, а претпоставувам и во иднина, ќе флуктуира во одреден дијапазон гласови, јас би оценил дека тоа е од 200 илјади до 500 илјади. Ние денеска имаме реалност со 320 илјади гласа. Сепак, мерлива е онаа бројка што вие како процент ќе ја освоите од оние што излегле на гласање. Вие имате гласови на локалните избори, каде што се анимираат илјадници советници, потенцијални градоначалници и таа сега ја споредувате со резултатите на тројца кандидати за претседател. Но, и да е така, имајќи предвид дека дел од партиите што тогаш беа со нас се со Зоран Заев, можам да заокружам дека ние ја освоивме истата бројка на гласови, посочи Мицкоски и додаде:

„Кога сега би биле таков тим на локални избори, ние би имале 47 градоначалници, што е многу повеќе од петте што ги имаме сега, за разлика од нашиот политички конкурент што се окрупни заедно со ДУИ, а сега заедно имаат пад од 150 илјади до 200 илјади гласа. Ако имате како владејачка коалиција поpаз на референдум, ако имате поpаз на вашите политики на претседателските избори, час поскоро треба да организирате предвремени парламентарни избори затоа што очигледно е дека нешто правите погрешно. Затоа што суверен владетел на процесите е народот, а народот ви вели „не ми се допаѓаат вашите политики, ние бараме поинаков тип политики“.“

Мицкоски вели дека се надева дека конечно премиерот ќе го одржи зборот и ќе распише предвремени парламентарни избори.

„Пораката е јасна и очекувам дека премиерот конечно ќе го одржи зборот и ќе распише предвремени парламентарни избори – не за да победи ВМРО-ДПМНЕ, туку за народот да одлучи дали метлата е за оној кој е практично најголем виновник за таа метла.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This