Мицкоски се сретна со директорот за Европа во француското Министерство за Европа, Мондолини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во Париз, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК д-р. Игор Николов остварија две билатерални средби.

На првата средба се сретнаа со Директорот за Европа во Француското Министерство за Европа и Надворешни работи Фредерик Мондолини и раководителот на одделот Западен Балкан од Министерството за надворешни работи и Европа Томас Бертин. Втората билатерална средба беше со заменик директорот на Француското министерство за Надворешни работи и Европа Жан Клод Трибулет и раководителот на одделот за Европска Унија и надворешни односи Дамиен Кристофари.

На средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека стратешки приоритет преставува членството во Европската Унија и напредокот кој зависи од спроведените реформи и чекори кои ќе придонесат за унапредување на стандардот.

Воедно Мицкоски посочи дека мора да се спроведат брзи чекори кои ќе ја сменат реалноста во Македонија во однос на растечкиот криминал, корупција во највисоките ешалони, и нереформираниот правосуден систем кој денес го попречува нормалното функционирање на македонското општество.

Мицкоски посочи дека новата Влада по изборите на 12ти април ќе има за задача да спроведе обнова која ќе опфати реформи, промени и борба против корупцијата, како и економски напредок.

Неопходни се реформи кои ќе ја стимулираат економијата и унапредат стандардот, а воедно ќе се спроведе дигитализација во државната управа која ќе овозможи транспарентност и унапредување на квалитетот. Наместо премиерот да биде пречка за правдата, тој треба да биде промотор на правната држава, изјави Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This