МИЦКОСКИ: Со договорот ние самите како држава се откажуваме од нашата нација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јас сум подготвен да бидам премиер на Република Македонија. Јас сум подготвен да бидам претседател на Владата на Македонија. Јас ви кажав дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата на граѓаните и ќе стори се што е во наша моќ, да овие процеси ги промени во период кој следи, нагласи Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на емисија на МРТ1.


Мицкоски појасни дека треба само да се види дебатата во рамките на грчкиот парламент сега кога беше гласањето на овој договор.

-Јасно и гласно господинот Ципрас кажа дека не признаваме нација, признаваме државјанство. И не треба многу човек да е аналитичар и да губи време во делот на следење на дебатата во рамките на грчкиот парламент. Само треба да ја прочитате дипломатската нота што министерот за надворешни работи на Република Македонија ја испрати до владата на Република Грција, каде што појаснува самиот дека „nationality“ појаснува државјанство, а не подразбира нација, истакна тој.

Со договорот вели Мицкоски, ние самите како држава се откажуваме од нашата нација.

Мицкоски посочи дека според договорот ние имаме јазик, на кој што е ставено фуснота, и посочи: „нема ниту еден словенски јазик каде што имаме фуснота. За јазик кој што практично е признаен уште далечните 70 -ти“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This