April 20, 2024, 12:39 am

МИЦКОСКИ СО ИНТЕРВЈУ ЗА ХРВАТСКИТЕ МЕДИУМИ: Договорот со Грција ја брише Македонија и го менува нејзиниот идентитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија се наоѓа во многу турбулентен период. На 30-ти септември треба да се одржи референдум на кој народот ќе одлучи за договорот со Грција за промена на името на Македонија во Северна Македонија. Во ексклузивно интервју за „Вечерњи лист“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ говореше за ставот на најголемата опозициска партија за тој договор, пишува „Вечерњи“.

Дали за ВМРО-ДПМНЕ договорот кој го потпишаа владите на Македонија и Грција, за промена на името на Македонија во Северна Македонија е историски?

-За неговата историска големина можеме да зборуваме во контекст на огромната штета која и ја направи на Македонија, отварајќи неповратен процес кој го подрива достоинството и честа на македонскиот народ и земја. Овој договор е резултат на неможноста на македонската дипломатија да донесе квалитетно решение. Уствари, тој не може да се нарече договор затоа што би бил договор, тоа би значело дека е постигнат компромис и дека двете страни ќе се најдат некаде во средина, а прифатен е документ со кој во потполност се прифаќаат сите грчки барања, додека ниту едно македонско барање не е прифатено ниту опфатено во бил кој сегмент од тој договор. Јавноста треба да знае дека тие преговори се одржани во најголема тајно и дека ние како опозиција, не бевме вклучени во ниту еден сегмент, како и дека поголемиот дел од информациите ги дознававме преку медиумите, што е неприфатливо за било која сериозна власт. Премиерот Зоран Заев непосредно пред потпишувањето на договорот, десетина пати јасно и недвосмислено кажа дека нема да поддржи промени на Уставот, кои би бил претпоставка за промена на името Македонија, а денес го прифати баш тоа и уште многу што. Ова е договор кој ја брише Македонија и го менува нејзиниот идентитет. Не слушнав Министерството за надворешни работи и самиот министер за надворешни работи Никола Димитров, да ги демантира изјавите на грчкиот премиер Ципрас, како и грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас, кога кажаа дека македонскиот народ не постои и дека народот не бил северномакедонски. Вистината е дека идентитетот не е заштитен, ниту Македонија добива нешто. Македонија го губи институционалниот идентитет, кој е значајна компонента од националниот идентитет. Сите називи на институциите кои го содржат зборот Македонија се менуваат. Тоа би значело дека утре кога ќе игра репрезентацијата фудбал, коментаторот не би смеел да говори за македонска репрезентација, туку за репрезентацијата на Северна Македонија, кога пак ќе го претставуваат ракометниот клуб Вардар, нема да биде македонски Вардар, туку Вардар од Северна Македонија. Така според договорот ќе бидат должни да коментираат македонските коментатори. На крајот, земјата има уставно име Република Македонија кое е признаено од 140 земји во светот, сега тие ќе бидат должни да признаат дека не биле во право и дека ќе треба да именуваат по името кое го договори премиерот Зоран Заев.

Зошто сметате дека договорот со Грција го загрозуваат интегритетот, суверенитетот и идентитетот на македонскиот народ?

-Со овој договор македонскиот идентитет е целосно загрозен. Прво се менува Уставот што лична карта на една држава, а со тоа и самиот идентитет. Многу е едноставно, ако во вашата лична пишува дека сте наречени со тоа име, откако сите ќе ве запознаат, тоа значи промена на вашиот идентитет. Се менува и самиот идентитет кој многу порано е признат од Обединетите нации и се спроведува широка интерцепција, односно наместо Македонци, како што сме сега, со договорот ќе бидеме Македонци од Северна Македонија. Пред малку споменав дека институционалниот интензитет е исто така загрозен. Членот 8 од договорот, кој предвидува основање комисии меѓу двете земји, Македонија и Грција, ќе ја ревидира историјата, археологија и образование, што значи дека дури и да се исполни договорот, Грција ќе има прилика да не блокира во нашата интеграција во Европската унија. Двете тези би требало да би демистифицирани. Прво е дека ќе се живее подобро со решавањето на спорот околу името. Тоа е нешто што не зависи од договорот за името, туку зависи од способноста владата да направи услови и донесе подобар живот. Нема да биде подобро за една година отколку што е сега. Втората лага е дека договорот не можел да биде различен и дека морал да биде на тој начин. Одговорно тврдиме дека не мораше и не требаше да се склопи такво лошо решение. И тврдиме дека ќе постигнеме многу подобро решение.

Кој е вашиот став врзано за референдумот и промената на името Македонија? Верувате ли дека Македонците ќе ја прифатат промената на името Македонија?

-Што се однесува до нашиот став за референдумот, не одлучивме да ги затвориме канцелариите и да го прифатиме личниот став, а да не го слушнеме мислењето на граѓаните, членството, партиските органи и тела. Не сме ни одлучиле ниту договориле ништо зад затворени врати далеку од очите на јавноста, како што владата преговараше за договорот со Грција. Најлесно би било тоа да го направиме, но партиите постојат за народот. И тоа е причина што почнавме голем советодавен процес кој вклучува советување со граѓаните и тоа го правиме низ процесот „Summer Makedonija“, каде имаме повеќе од 2.000 волонтери на терен кои разговараат со граѓаните, слушаат различни мислења и кажавме, кога ќе донесеме став  на темелите на тоа истражување, ќе го објавиме во јавноста.

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, јавно кажа дека нема да ја потпише одлуката за промена на името Македонија. Од друга страна, премиерот Заев кажа дека постојат демократски механизми внатре во парламентот за да го променат. Како вие тоа го коментирате?

-Она што можам да го кажам е дека претседателот Ѓорге Иванов потпиша права и обврски, но најголемата обврска е да се почитува Уставот и во тој дух да се делува во склад со тие обврски. Овој спор е противуставен, а претседателот има право да не го потпише. Претседателското влијание е правен механизам, баш како што е правен механизам да не и верува на владата. Во овој момент не гледа каде претседателот го крши Уставот, напротив тој го штити.

Зошто според вашето мислење, Зоран Заев го потпиша тој договор со Грција? Мислите дека САД и ЕУ извршиле притисок врз него?

-Зоран Заев би требало да одговори на прашањето дали САД или ЕУ на него извршиле притисок. Меѓутоа, сметам дека Заев нема можност да ги реши проблемите во реалниот живот на граѓаните, затоа што пред изборите ги крена очекувањата и имаше безброј ветувања, од кои досега ништо готово не исполни. На овој начин сака да си ја продолжи кариерата да би можел да одржи на власт уште неколку месеци, како и понатаму би можел да ја користи моќта на власта, која е изразена во бројот на сомнителни тендери во кои се вклучени четири фирми блиски до владата, како и големото користење на државните ресурси и сериозните злоупотреби на институциите, за кои еден ден ќе мора да понесе одговорност.

Премиерот Зоран Заев кажа дека верува дека и вие ќе го поддржете тој договор затоа што е тоа единствен начин за излегување на Македонија од изолација и придружување на ЕУ и НАТО.

-Договорот со Грција и евроатлантските интеграции се различни теми. Не е точна тезата дека ако се договори, автоматски ќе се движи патот кон евроатлантксата интеграција. Тврдењето дека за десет од потпишувањето на договорот со Грција, Македонија ќе добие од Европската унија датум за почеток на преговори не е точна. Јасно е дека државата ќе мирува уште една година,после што ќе биде проценета ситуацијата како би бил одреден датум за пристапни преговори. Членството во ЕУ не зависи само од тој штетен договор и извештајот на ЕУ покажува дека корупцијата и криминалот станале акутни проблеми во нашето друштво. Денес, за голема жалост, Македонија е позната по две работи кои имаат улога во пристапувањето на ЕУ, прво што важи како најкорумпирана земја во Европа, а другото е што има најмал економски раст. Договорот со Грција не е магично стапче кои ќе ги реши сите проблеми, тоа е Пандорината кутија која прави проблеми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This