МИЦКОСКИ СО КРИТИКА ЗА ГРУЕВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ требаше одлучно да расчисти со транзицијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување на македонската телевизија во „Отворена програма“ рече дека во Македонија не може да има странски и домашни инвестиции, зголемено БДП, доколку нема луѓето немаат доверба во правната држава, зголемени даноци, масовно иселување на квалитетна работна сила како и квалитетно образование.

 

 

Мицкоски потенцираше дека во минатото, ВМРО-ДПМНЕ имало стратешка грешка што не успеало да расчисти со пипците на транзицијата, додавајќи дека доколку тогаш пресечеле и расчистеле, денеска ќе немале можност истите да блефираат со Република Македонија.

-Ние можеме политички ако одбереме таква стратегија на манипулирање секогаш да имаме таков пристап, но не е честито и чесно. Еве лагата излегува на виделина. Не му веруваат веќе луѓето. Заврши довербата. Затоа мора да идат луѓе по свет да ги објаснуваат компаративните предности на Република Македонија. Да понудите даночни олеснувања, да понудите друг тип на стимулација ако сакате да ви дојдат такви големи странски инвестиции. Но, истото тоа треба да го направите со домашната економија. Јас не сакам само да ја критикувам оваа влада. Еве ќе критикувам и претходно што се случувало и немам проблем со тоа. Иако претходниот премиер кажуваше сме правеле грешки иако немало стратешки. Имало стратешки грешка. Можеби требало поодлучно да расчистиме со транзицијата. За да не ни се случуваат овие пипци денеска во 2019 и во 2020 година. Ако тогаш пресечевме и расчистевме, кога имавме можност сега немаше вакви блефери да ни се случуваат. Ете тоа е суштината, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This