Мицкоски: Со терминалите за отпечаток од прст исклучуваме можност за двојно, семејно и групно гласање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Начинот на кој што ќе функционира системот за регистрирање на отпечаток од прст при гласањето, гарантира дека двојните идентитети ќе бидат спречени двапати да го дадат својот глас, истакна во своето гостување на ТВ Шења Христијан Мицкоски, лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Вели дека доколку еден граѓанин отиде да гласа на избирачко место и доколку поседува двоен или лажен идентитет, тогаш истото би било препознаено од системот.

– Доколку поседувате двоен или лажен идентитет и се обидете да гласате на друго избирачко место, тогаш системот ќе нотифицира дека овој релјеф на показалецот го остварил своето право на одредено избирачко место и во одредено време.

Додаде дека овие терминали за отчитување на отпечатоци од прст го зголемуваат квалитетот на самиот ден на гласање.

– Ние очекуваме да нема вештачки опструкции, да нема кршење на терминалите, со што силно ќе се влијае врз избирачкиот процес. И однапред сакам да ги предупредам сите поединци кои на тој начин мислат дека ќе влијаат врз изборните резултати, дека тоа претставува кривично дело и казната за затвор е навистина голема, рече Мицкоски.

Бројот на лицата кои гласале, како што рече, мора да соодвестува на бројот на ливчињата кои се во кутијата.

– И ова е добар чекор напред кон процесот, во иднина да се примени електронско гласање. Да немаме хартиена форма на гласање. И мислам дека е добар почеток во еден таков процес, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This