April 23, 2024, 12:14 pm

МИЦКОСКИ СО ЧЕСТИТКА ЗА КУРБАН БАЈРАМ:Духот на солидарноста кој е симбол на овој празник нека ги води сите верници и оваа година и нека биде поттик кон добри дела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски до поглаварот на Исламската заедница во Република Македонија Господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, испрати честитка по повод денешниот празник Курбан Бајрам.

Мицкоски честитката ја упатува од негово лично и од име на ВМРО-ДПМНЕ, а до сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија.

-Хуманоста и меѓучовечката љубов се симболите на овој празник. Богатството во Македонија е во различностите на верите, културите и традициите. Соживот и толеранција се основите работи кои мора и треба да им го оставиме на идните генерации. Само така ќе продолжиме да градиме заеднички живот во Македонија, темелен на почитување и заеднички напредок. Наша заедничка мисија треба да биде градење на просперитет и благосостојба на секој граѓанин кој живее во Република Македонија преку разбирање на неговите чувства и традиции, се наведува во честитката од Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека потребно е да се стави крај на поделбите, омразата и сегрегацијата, на општество кое што е како со нож поделено, да не се креираат теми кои во својата суштина се непотребни, а создаваат негативни емоции и повреда на нечии чувства.

-Да се фокусираме на она што е подеднакво важно за секој еден граѓанин без разлика на верата и етничката припадност, а тоа е потребата за подобар живот. Граѓаните се обединети во маката и во потребата за решавање на нивните проблеми. Добрите дела не познаваат разлики, туку се израз на сплотеност и заедништво. Духот на солидарноста кој е симбол на овој празник нека ги води сите верници и оваа година и нека биде поттик кон добри дела како кон блиските, така и кон соседите, непознатите, посиромашните и болните. Нека празничните мигови донесат среќа и надеж, но исто така радост, бериќет и успех, се вели во честитката на Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This