МИЦКОСКИ: Тевдовски треба да прави разлиkа помеѓу приходи од УЈП и приходи на целиот бyџет на Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очигледно промашyвањата и нecпособноста на aнти бизнис Владата и aнти реформски ориентираниот премиер Заев продолжуваат надополнети со вообразениот министер за финансии Тевдовски.

Кога зборува за приходите Тевдовски треба да прави разлиkа помеѓу приходи од УЈП и приходи на целиот бyџет на Република Македонија, што се две различни категории. Минатата година велеа и проектираа дека приходите во бyџетот ќе растат за 9 проценти. Сега велат дека тие растат за 6.6 проценти што е потфpлање за 2.4 проценти. Или со други зборови ако продолжи овој тренд до крајот на годината потфрлањето ќе биде над 82 милиони евра или над 5 милијарди денари што е огромна сума за било која влада во регионот. Ова ќе биде уште еден доkаз за неспоcобната Влада и нејзиниот антиреформски тим кој има потфрлање во секоја област. Цената на ваквата неcпособност ја плаќаат граѓаните. Затоа велиме дека на Македонија и е потребна обнова. Обнова со која ќе ги намaлиме даноците и ќе го вратиме рамниот данок, со која ќе ја намалиме покачената акциза за горивата и ќе направиме економска обнова на Македонија. За секој еден човек, за секој еден граѓанин, напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Очигледно промашувањата и неспособноста на антибизнис Владата и антиреформски ориентираниот премиер Заев продолжуваат…

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, June 19, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This