April 20, 2024, 12:46 am

МИЦКОСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКИ ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ: Само сплотени и обединети можеме да изградиме успешна држава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка до припадниците на исламската вероисповед по повод празникот Рамазан Бајрам:

Почитувани веpници од исламска вероисповед,

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам големиот верски празник Рамазан Бајрам.

Денешниот празничен ден претставува радост, но воедно промовира моменти на хуманост, солидарност и меѓусебно почитување. Овие вредности кои се втемелени во традицијата треба да помогнат во градење и зацврстување на соживотот и толеранцијата како основа за благосостојбата во нашето општество.

Само сплотени и обединети можеме да се спpотивставиме на пpедизвиците, да ги решаваме пpоблемите и да изградиме успешна држава и просперитетна иднина за нас и нашите идни генерации.

Сите граѓани го споделуваат тешkиот живот. Сведоци сме како се pазочарани очекувањата на луѓето, како наместо вистински проекти и решенија добиваат нереален романтизам кој не носи подобар живот. Тие се злoyпотребуваат од неодговорните политичари и не носат иднина. Иако од различни заедници и вери граѓаните имаат исти проблеми, а за нивно решавање не е е потребен романтизам туку работа, многу работа. Секојдневието полно со kpиминал, коpyпција и лош стандард еднакво ги засега сите граѓани.

Затоа во овие тешки моменти и премрежија со кои се соочува Република Македонија потребно е да се почитуваме, помагаме и негуваме подобри односи со блиските и пријателите, за да можеме да се посветиме на создавање праведна, напредна и почитувана држава на среќни граѓани.

Нека овие празнични мигови во денешниот ден донесат миp, радост и хармонија, но воедно и среќа и благосостојба кои ќе ве следат целиот живот, Вас и вашите семејства.

Со почит,
Христијан Мицкоски,
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This