March 28, 2024, 10:37 am

Мицкоски: Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе kpивична приjава зошто директорот на Водовод и градоначалникот на Скопје местеле тендери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Во текот на утрешниот ден во обвинителство ќе биде доставена кривична пријава по член 353 злоупотреба на службена должност. Утре, во текот на денот ќе биде доставена од страна на ВМРО-ДПМНЕ кривична пријава за овој поранешен директор, и тоа е само почеток, а деновиве ќе доставуваме кривични пријави и ќе обелоденуваме коруптивни скандали и за други лица“,истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во дуелот на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Мицкоски додаде дека за се ќе сноси одговорност, за секој коруптивен скандал функционерите на власта има да одговараат пред Законот.
„Јавното претпријатие секоја година објавува тендер за потпишување на рамковна спогодба за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа. И таму потпишале, ги исполниле условите пет економски оператори. Во меѓувреме делот од тој буџет одлучиле да потрошат за реконструкција на водоводна мрежа на улица „Варшавска“. Таа улица е во Тафталиџе. Започната е реконструкцијата наводоводната мрежа во јули, и откако им текнало во октомври дека требало да спроведат интерна процедура за набавка помеѓу овие пет компании кои што потпишале рамковна спогодба. Спроведуваат тендерска постапка во октомври и потпишуваат договор во октомври откако замислете мрежата е хлорирана. Има документ за хлорирање на мрежата на 29-ти септември“, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека поголеми докази од овој криминал нема. Македонската јавност сама може да увиди. И токму овие луѓе се кандидирани за градоначалници, едниот за Град Скопје, а другиот за една скопска општина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This