ПОТВРДА: Формирани работните групи што ги договорија Заев и Мицкоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Формирани се двете работни групи кои произлегоа од средбата меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски што се одржа во неделата. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ номинирала свои претставници во двете работни групи, потврди денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пренесува Фокус.

-Повеќе сакав да разговараме околу структурните реформи за иднината на земјата во други области како економијата, образованието и здравството, но очигледно Владата не ги напушта тие стари навики да обезбеди некакво законско решение со кое би можела да врши и во иднина политички притисок врз неистомислениците или пак да врши определни активности кои може да компромитираат и контаминираат политички неистомисленици. Ние позитивно одговоривме и номиниравме наши претставници и очекувам дека во најскоро време ќе отворат дијалог по овие две теми, изјави Мицкоски при денешната посета на Стопанската комора.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека динамиката со која што ќе работат групите од страна на двете партии и колку време ќе биде потребно за да дојде одреден напредок ќе зависи од власта.

Работните групи треба да изнајдат заедничко решение, особено околу предлог законот за јавно обвинителство имајќи ги предвид спротивставените ставови на власта и опозицијата, особено во однос на иднината на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во СЈО, кои ги изнесоа во средбата што се одржа меѓу Заев и Мицкоски.

Опозицискиот лидер по средбата со премиерот беше дециден дека Јанева повеќе не може да остане на функцијата, додека Заев изјави дека специјалната јавна обвинителка и нејзиниот тим ја имаат неговата целосна поддршка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This