Мицкоски: Цpни листи има, но за kpиминалците од власта, на кои вртоглаво им паѓа рејтингот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вештачкиот натпревар наметнат во медиумите кој е со Русите, а кој со Американците, предизвикана од објавувањето на црната листа на амдериканскиот претседател Џо Бајден, за претседателот на ВМРО-ДОМНЕ Христијан Мицкоски е создавање вештачкиот лажен амбиент создаден од лажните кујни на власта.

На прво место им е ВМРО. А оној делот во одлуката на претседателот Бајден каде јасно кажува дека се однесува и на корупција која се знае дека е широко распространета, стимулирана и заштитена од власта, не кажуваат ниту збор. Нема толку хартија, колку што има криминалци во власта за таква црна листа.

Мицкоски не верува дека власта не е запознаена со прозападната ориентација на опозицијата и историската генеза на ВМРО и дека во својата основа ја има борбата за своја република. Според него за тоа има само една причина – рејтингот на СДСМ вртоглаво паѓа.

Заев драматично губи, а разликата се зголемува. Нема човек кој мисли добро за оваа влада и кој не е разочаран. И токму затоа адутот на Заев се парите за поткуп, заштитата на криминалот и лагите за опозицијата, рече Мицкоски на 30-годишнината од постоењто на УМС на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на САД. Заедно со ЕУ тоа се системите кон кои ние единствено се стремиме, но воедно тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се бориме за нашите македонски национални интереси кои се нашиот базичен темел, наше право и долг кон Македонија.

Одлуката и извештајот на САД се однесува првенствено и на високото ниво на корупција. Ајде да зборуваме за тоа дека ниту една голема афера нема правна разрешница. Кој човек од власта лежи казна затвор. Зошто Заев го брани Рашкоски, а судот испорачува и го ослободува. Каде се парите од рекетот? Зошто се дозволи да избега Ден Дончев иако на камери видовме како зема туце пари. Што е со пасошите давани за криминалци и аферата мафија. Таму лежат службеници, а нема истрага за Спасовски. Зошто никој не го викнал Вице за рекетот од 250 илјади евра во РЕК, додека Ковачевски за зделката е унапреден од директор на РЕК во директор на ЕЛЕМ. Има уште стотици и стотици други скандали, афери, криминали, кражби, неправди и измами.

Зборувајќи за црвените линии и за бранењето на стратешки интереси Мицкоски направи споредба меѓу себе и Заев.

Кој може подобро да ги брани или застапува, јас кој едно пенкало не сум позајмил или Заев аболиран кој украде цела држава? Јас кој се школував овде и во центри во Европа, или Заев кој во тоа време создаваше клановска крими империја во Струмица и продава во Русија? Јас, кој работам според чест, принципи и вредности, или Заев кому свитканата кичма, лажењето и тапкањето по рамо му секојдневие. Се знае тука кој е изборот.

Тој потсети на успесите на ВМРО-ДПМНЕ во надворешната политика.

Па драги пријатели, кој го потпиша договорот за Стратешко партнерство со САД? ВМРО-ДПМНЕ. Кој донесе визна либерализација? ВМРО-ДПМНЕ. Кој доби договор за стабилизација и асоцијација? ВМРО-ДПМНЕ. Кој доби десетина препораки за почеток на преговори со ЕУ? ВМРО-ДПМНЕ. Епа, ова е најдобриот демант на тезите на домашните пара-аналитичари кои сами прават некакви црни листи во името на Заев.

Затоа власта на Заев преку ограничување на слободата, диктирањетто на тези преку ваквите парааналитичари и со силно присуство и замешателство на државни полициски структури се создава лажен амбиент во кој бранењето на националите интереси треба да биде нешто што е погрешно. Нивната цел е кога ќе се каже зборот патриот или Македонија, секој оној кој тоа го збори да се оцрни дека е квази патриот кој брани некаков криминал. А не е така.

Ваквите стереотипи на оцрнувања и лаги и лажни вести Власта ги прави за да ја деградира нашата борба, а на тој начин да го заштити нивниот криминал. Тие сакаат да мислите дека сите сме извалкани со истата кал. Постојано да сте разочарани од политичарите со девизата „сите се исти“. А не сме исти. Дури ни целото СДСМ не се исти, туку се заглавени и киднапирани од триесетина души, на чело со Вице, Зоки, Рада, Путерот и Оли.

Е, затоа народот треба да биде високо свесен за лагите кои ги пласира и пропагандата на власта преку силен притисок за националните, општествените или економските прашања, за онаа вештачка дебата на власта изразена во она стандардно прашање: „А, вие што направивте? А, каде бевте кога Заев ја продаваше Македонија?“

Еве, ќе ви кажам: Се боревме и ќе продолжиме да се бориме. Ете тоа е одговорот. А, нашиот интерес е да го зачуваме не само народот туку и државата. Тоа е иднината која мораме да ја обезбедиме,а ќе ја обезбедиме доколку постапуваме мудро на секое поле и национално останеме освестени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This