МИЦКОСКИ ЈА ИСПРАТИ ОХРИДСКАТА КОЊАНИЦА: Македонија е жива, тој пркосен сон на многу срца денес оптоварен со силни предизвици и турбулентни времиња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со претставници од партијата беше на испраќање на Илинденската коњаница во Охрид.

Тој на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека Традицијата е она што не обележува, разликува и обеднува.

– А кога Македонија е во прашање, тогаш таа е непресушен, силен и бескраен извор. Се додека има верни чувари на традицијата, Македонија ќе биде горда и стаменита, се додека има млади луѓе кои ја почитуваат, Македонија е жива, тој пркосен сон на многу срца денес оптоварен со силни предизвици и турбулентни времиња, напиша Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на учесниците им посакал лесен пат.

Освен Мицкоски, на испраќањето присуствуваа и членот на Извршниот комитет, Кирил Пецаков, претседателот на Општинскиот комитет на партијата во Охрид, Сашо Донев и претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржаловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This