МИЦКОСКИ: Ќе овозможиме градење научни истражувачки центри на странски мултифункционални компании

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видео интервју за новинската агенција МАКФАКС, истакна дека еден од суштински проекти кој што сакам да го спроведеме е субвенција, односно подржување на отварање на развојни истражувачки центри на големи мултинационални компании во Македонија и една сериозна синергија помеѓу инвеститорите, дали тоа се меѓународни компании, домашни инвеститори, бизнисот или образованието.


Мицкоски посочи дека сето тоа подразбира коренити реформи во начинот на функционирање на образованието, бидејќи за жал денеска кадарот кој што ние го произведуваме, тоа што е супер квалитетно одлучува да ја напушти Макеодонија, бидејќи има подобри услови надвор и она останатото кое што ќе остане има мала практична наобразбра.

Тој вели треба сериозно инвестирање во практичната наобразбра од професори кои се и од надвор од Македонија, се со цел збогатување на практичното знаење, а потоа да продуцираме квалитетен кадар кој што ќе можат да го користат овие истражувачки центри и мултинационални компании , каде би имале високи плати и директен увоз. За жал сето она кое што е прва фаза во стимулирање на домашни и странски инвеститори е прекина од 2016 година мал е бројот на инвестиции од дома или од надвор.

Треба да овозможиме да немаме одлив на мозоци тие луѓе да останат тука, да работат тука, да работат високо квалитетна и платена работа, да може да трошат, да има повеќе пари во буџетот, кога ќе има повеќе пари во буџетот ќе има повеќе пари за политиките во други области како медицината, образованието, земјоделието, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This