МИЦКОСКИ: Ќе се гордеете со новата програма на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе не заплашуваат, гонат и притискаат, ќе ни се закануваат и армадилата неверници ќе не критикуваат, мене и оваа генерација политичари во партијата, мои соработници и другари, но ќе им порачам, ако некој смета дека ќе се уплашиме, се лаже, ѝ се обрати Мицкоски на власта.

-Слушајте ме сега добро, мои политички конкуренти од СДСМ. Не ви се плашиме! ВМРО не се плаши кога Македонија е во прашање. Кога е во прашање иднината на нашата земја, нема страв и нема предавање! Затоа што ние одиме по патот на вистината, по патот на татковината, а кога си на таа страна, тогаш си победник!

Знам дека совршено добро знаете што се случува. Знам дека на моменти и имате дилема кој е вистинскиот пат, верувајте, секој ден во сите средби со вас ги слушам вашите размислувања и јас сум многу загрижен исто како и вие.

-Јас сум само пет и пол месеци претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Некои ќе речат прекратко некои ќе речат доволно за да се почне со акција. Некои имаат повеќе, некои помалку доверба. Некои мислејќи дека така ќе фрлаат дамка на мене, велат сум нечија сенка, некои велат се оградувам од старото раководство. Некои веруваат во нешто сосема трето, дека ме донел некој од странство за да поддржам промена на името, па после да си одам. Некој пак си верува во некоја своја сосема различна теорија.

Но јас, за почеток, додека не ме запознаете подобро, не барам целосно да ми верувате мене. Барам да си верувате на себе! Вие сте народот на Македонија! И вие со вашата мудрост знаете најдобро да оцените!

Сакам да ви кажам директно, не постојат волшебни решенија, и магични стапчиња со кои ќе се остварат набрзина нашите замисли. Не. Но ние имаме јасен план.

Ние работиме посветено на новата програма за вас. И тоа ќе биде нашиот патоказ и нешто по што сите вие ќе може да ја направите разлика. Нешто со што верувам дека ќе се гордеете. И да споредите што носи во себе оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе споменам само дел од она на што работиме:

– Нема да ветиме поврат на ДДВ, но ќе ветиме помало ДДВ за фирмите на половина, за оние кои втората половина ќе ја искористат за инвестиција и нови работни места.

– ќе ја укинеме зголемената акциза за дизелот;

– нов лик на здравството преку масовен пакет на реконструкции, изградба на нови болници и масовно вложување во медицинскиот кадар,

– директна понуда за вработување на 500 студенти секоја година,

– за 50 отсто поголеми плати за образовниот кадар за целиот мандат.

– за 40 отсто поголеми пензии за целиот мандат и уште многу други решенија за реалните ваши проблеми.

Мицкоски јанави дека проглрамата ќе биде претставена за кратко.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This