April 19, 2024, 12:01 pm

МИЦКОСКИ: Ќе ја намалиме акцизата на горивата и ќе го вратиме рамниот данок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше гостин на емисија „Отворено на Алфа“ каде што истакна дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт прво што ќе стори е враќање на рамниот данок и веднаш ќе се намали акцизата на горивата.


Изминатиот период веднаш после претседателските избори размислував, и имав консултации со голем број луѓе од различни области меѓу кои се разбира приоритет беше бизнис заедницата, бизнисмени, претприемачи кои што долги години опстојуваат во бизнис секторот во Република Македонија.

Заклучокот од тие консултации дека рамниот данок беше навистина одлично решение. И ние кажавме дека веднаш по формирањето на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ една од првите одлуки ќе биде враќање на рамниот данок, посочи Мицкоски. Мицкоски додаде дека не е само тоа решение туку и друга одлука на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде и намалување на акцизата на горивата.

Бидејќи СДСМ одлучи радиодифузна такса да не се плаќа а истовремено ја зголеми дpacтично акцизата за горива што допринесе потешkoтии во животот на граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This