April 26, 2024, 10:54 am

Мицкоски: 10 прашања на кои Заев и Филипче немаат одговори, нивните фотелји не се поважни од вистината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на најголемата опозициска партија,Христијан Мицкоски на својот официјална Фејсбук страница напиша 10 прашања на кои како што вели тој, Зоран Заев и Филипче немаат одговори.

– Настрана од политиката, настрана од отсуството на морал, кој видовме дека го немаат, прашањата кои секој еден човек ги поставува и се во рамките на здравиот разум се следниве:

Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?

Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?

Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?
Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?

Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?

Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?

Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?
Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?

Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?

Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагата?

Фотелјите на Зоран Заев и Филипче не се поважни од вистината, пишува во Фејсбук објавата која може да ја погледнете во продолжение:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This